На јавна седница во Апелацискиот Суд во Скопје , повеќе од четири часа се читаше пресудата за петкратното убиство на Смилковското езеро. Во судот се појавија сите повикани, освен осудените кои се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово, на издржување казна затвор за нелегално поседување огнено оружје.