MENI

Голем интерес за тренинзите за меѓународни сертификати за информатичка писменост на Европски Универзитет

Европскиот универзитет успешно ги спроведува тренинзите и обуките за ЕЦДЛ сертификатите. Меѓународниот стандард на информатичка писменост кој е лидер во европски рамки веќе втора година се спроведува во Македонија. Станува збор за сертификат кој се стекнува со општи познавања за работа со датотека, обработка на текст, табеларни пресметки и користење на интеренет.

Овој сертификат е внесен и во домашната регулатива и е задолжителен за сите кои бараат работа во државната администрација.

Pages