Брачни парови заинтересирани да ја прошират фамилијата со трето или четврто дете по пат на ин витро. Интересот доаѓа по најавата дека постапката ќе биде на државен трошок. Уште минатиот викенд кога премиерот Груевски ја најави новината, од ФЗОМ за Сител потврдија дека десетина семејства веќе се јавиле во нивните служби да прашаат која е постапката и што им е потребно. За краток период владата ги усвои измените на законот кој следната недела ќе се најде пред пратениците од матичната комисија а потоа на собраниска седница.