MENI

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец

Старата и дотраена механизација на струмички „Комуналец“ ќе се заменува со нова. Општината започнува со модернизација на возниот парк на јавното претпријатие со цел  подобрување на комуналните услуги и одржувањето на хигиената во градот и населените места.

Преку Министерството за транспорт веќе се обезбедени три нови машини , две за метење и една цистерна. Дополнително, со поддршка од општествено одговорни компании  дониран е трактор со придружна механизација, а преку Југоисточниот плански регион се очекува да пристигне и ново возило за собирање смет.

Pages