Скапата нафта на светслите берзи ги крева цените на горивата и кај нас. За една недела брентот поскапе за скоро 7 отсто, а повисока вредност има и доларот во однос на денарот.
Токму овие два параметри влијаат на одлуката што Регулаторната Комисија треба да ја донесе утре.
Инаку брент нафтата ја заврши неделата на највисоко ниво во изминатите 5 месеци, а аналитичарите стравуваат дека растот може да проодолжи по објавите дека Америка и Израел прават планови за обновување на нападите врз Иран по американските избори во ноември.