MENI

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите

Живот под секое човечко достоинство. Куќата може да се урне врз нив буквално во секој момент, нема ѕид, дел од таван или под каде што нема дупки. Дува од сите страни, а кога врне влегува вода од секаде. Живеат во вистинска беда и мизерија.

Ова вака со години е т.н. живот на Целе Ангелевски и неговата мајка Викторија во крушевското село Врбоец. Живеат само со 20-тина илјади денари пензија и социјална помош, а Целе не може ниту да работи бидејќи мајка му веќе една година е комплетно неподвижна и мора да се грижи за неа.

Pages