MENI

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата

„Не си играјте војска со војската“, со оваа порака и предупредување пред владата се одржа протестот организиран од независниот синдикат  на професионални војници и координативното тело на пензионираните припадници на Армијата.

Причина велат е две ипол годишното игнорирање на проблемите од страна на Министерството за одбрана.

На протестот истакнаа дека главниот децениски проблем е договорот на определено време кој трае цели 25 години по што војниците на 45 годишна возраст се приморени да ја напуштат Армијата и да бидат невработени.

Pages