MENI

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Цените на енергенсите растат, оптимизмот во еврозоната опаѓа, граѓаните стравуваат од нови поскапувања. Нафтата денеска се продаваше над 5-месечниот максимум, по нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија. Барел Брент надмина 115 долари, додека американската над 101. Инвеститорите сè повеќе вложуваат во злато, чија цена, според експертите од Фајненшл тајмс, во следните 12 до 18 месеци би можела да достигне нов рекорд. Во моментов унца се продава за 4.100 долари, а до крајот на годината може да порасне уште 800 долари.

Pages