Најголемиот водопад во државата повторно ќе добие платформа од која туристите ќе можат да го набљудуваат.
Откако пред две години старата дрвена платформа на Смоларскиот водопад беше опожарена од несовесни граѓани, општина Ново Село одлучи да постави нова, метална конструкција.
Според најавите, платформата треба да биде поставена до крајот на годинава, а од јануари идната година повторно да биде достапна за посетителите.
Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 900 илјади денари, средства обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит.