MENI

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, во својот прв настап пред телевизиските камери по поразот на неговата Републиканска партија на меѓуизборите, одлучи да говори за своите градежни проекти во главниот град.

Трамп пред сè ја фалеше салата за бал што ја гради покрај Белата куќа. Ќе биде „најдобрата во светот“, рече Трамп на градилиштето.

Pages