MENI

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“

Инспекторите на УЈП кои за часовник и очила му кажувале на сопственикот на Пулс кога ќе прават контроли, заработија обвинение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба. Меѓу нив е и Драган Паунов, братот на претседателката на кривичниот суд, Даниела Димовска. Со обвинението поднесено од кочанското јавно обвинителство, опфатени се и сопственикот на Пулс, Дејан и неговиот син Михајло Јованов.

Даночните контролори се гонат дека побарале и добиле скапи очила и рачен часовник за да алармираат кога УЈП ќе прави инспекција во Пулс.

Pages