Жените од руралните средини многу често се поврзуваат само со земјоделството и за жал ништо друго. Нивната вклученост во општествениот, социјалниот и пред се личниот развој се запоставени, а тие ретко имаат можност да бидат вклучени во креирањето на локалните политики на заедницата. Покрај системските пречки, постои и недоволна мотивираност кај жените за поголема активност, на што според граѓанскиот сектор од земјава во иднина требало да се работи.