
Најмалку 19 лица се повредени во синоќешниот судир меѓу товарен воз и автобус во близина на Кокел, северна Франција.
Несреќата се случила во близина на Евротунелот.
Локалните власти потврдија дека никој од повредените не е во животозагрозувачка состојба.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот.