МВР приведе три лица од Скопје и едно од Струмица за двете убиства во Ѓорче Петров.
На приведените им е определен краткотраен притвор од 48 часа, а лицата се сомничат за кривично дело разбојништво со смртни последици.
Извор од истрагата откриваат дека приведени веќе ги признале кривичните дела во полициска станица. Нивна мета биле стари лица кои живееле сами, а жртвите биле убиени на речиси идентичен начин, врзувани и претепувани, по што од нивните домови биле одезани пари и злато.