
Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Единствено се зголемува цената на мазутот.
Тоа значи дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 98,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по цена од 100,50 ден/литар. И дизелот останува уште една недела по цена од 97 денари за литар.