
Откако Ива Михаилова не била пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската за редовно јавување во полиција, Основното јавно обвинителство Кочани поднело предлог за определување притвор за обвинетата. За случајот, обвинителството било известено утринава од Основниот суд Кочани.
Оттаму посочуваат дека судот може да постапува и по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител.