MENI

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 3 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР, 5 степени се измерени во Лазарополе, 6 во Маврови Анови, Битола и Крушево, 7 во Крива Паланка, 8 во Берово и Претор, 9 во Охрид, Виница и Прилеп, додека 10 степени се измерени во Куманово, Тетово, Штип и Струмица.

Pages