После децении на запоставеност на спортските објекти Прилеп конечно на повидок да добие спортски храм каков што заслужува. Владата одлучи да ја финансира целосната реконструкција на сала „Македонија“ која што изгоре во 1992 година, а повторно се изгради во 2000. Но од тогаш салата нема технички прием и повторно за 2 децении таа комплетно се уништи. Салата е планирано да се пушти во употреба во 2028-ма. А инвестицијата би чинела 180 милиони денари.