
Добрососедските односи не се алтернатива на европската интеграција, туку еден од нејзините суштински темели, а Коридорот 8 дава можност тој принцип да се преточи во конкретни резултати - порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на панелот „Геостратешки контекст на Коридорот 8“ на меѓународната конференција на министерско ниво во Софија.