Најмалку 30 лица загинаа а над 18 се повредени во денешниот руски напад со наведувани лизгачки бомби врз два градски автобуса во градот Краматорск во Источна Украина, соопштија украинските власти. Зеленски ја обвини Русија дека намерно гаѓала автобуси со патници се цел да убие што е можно повеќе цивили. Од Москва засега нема коментар за нападот. И Русија и Украина во последните месеци ги интензивираа нападите со оружје со долг дострел една против друга. ОН упатија остар апел до двете страни веднаш да ги прекинат нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура.