
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, вложи 10 милиони евра во лансирање на нов бренд за минерална вода, објави „SIC Noticias“.
Четириесет и едногодишниот Португалец соработуваше со „Grupo Outeirinho“, кој инвестираше иста сума во проектот. Вкупната инвестиција ќе биде приближно 20 милиони евра, а Роналдо ќе поседува 50 проценти од бизнисот.