Четириесетина трактористи од целата држава годинава беа дел од 68-миот државен натпревар во орање со трактори, што се одржа во селото Еднокуќево во Општина Босилово. Поделени во четири категории, тешки и лесни трактори, младинци и жени, учесниците ги покажаа своите вештини во традиционалното орање со трактор.
Од Народна техника на Македонија, организатор на натпреварот, велат дека ваквите натпревари се важни за усовршување на вештините и едукација на младите кадри. Најдобрите ќе ја претставуваат државата на светскиот натпревар.