Груби излезе од домашен притвор но за да излезе и на прошетка надвор од државата се уште чека одлука од кривичниот совет. По 60 дена, мерката куќен притвор денеска му истекува. Од сега па натаму тој освен во Кривичниот суд на рочишта ќе може да излегува од дома и да оди каде и да посака. Поранешниниот вицепремиер е слободен граѓанин но без пасош бидејќи на сила е и мерката за претпазливост со која му е одземена патната исправа поради опасност од бегство. Груби понуди гаранција од три стана во негова сопственост во замена за слободно да патува и надвор од Македонија.