На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од превремените избори за градоначалник на Брвеница, кој ќе се одржат во недела на 1 ноември.
Граѓаните ќе избираат меѓу Стојанчо Радичевски, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од Националната алианса за интеграција предводена од ДУИ.
Во пресрет на гласањето премиерот ги повика жителите да ги надминат етничките поделби и да избираат според проектите и програмите.