Преку клонирани псевдо-портали ширел лажни вести и дезинформации со цел преобликување на наративи во интерес на Русија.
Македонски државјанин, надоврзан на странски фактори - креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали, интегрирани и во македонскиот медиумски простор е приведен во акција на Агенција за национална безбедност, МВР и Обвинителството.
Акцијата се случила пред нешто помалку од две недели, на 18 септември, но АНБ за случајот извести денеска.