
Претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова упати честитка по повод 11 Октомври - Денот на народното востание со порака дека овој светол датум во нашата историја е аманет дека слободата се добива со храброст, правдината бара стаменост и пожртвуваност, а држава се гради со труд, чест и одговорност.