Кога сте на боледување, контролор од Фондот за здравствено осигурување може да ви тропне на врата да провери дали сте дома. Доколку не ве најде на домашна адреса, ќе го извести вашиот работодавач но и ќе мора да се јавите на лекарска комисија да образложите каде сте биле. Со измените на правилникот за боледување целта е да бидат намалени злоупотребите, како на пример шетање во странство додека имате решение за привремена спреченост од работа. Фондот за спроведување на контролниот механизам ке соработува со УЈП и МВР.