MENI

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја

Лекар и медицинска сестра од клиничкиот центар Мајка Тереза,  сакале да шверцуваат 199 вијали со ботокс вредни 10 000 евра. Царинската управа поднесе кривична пријава против двајцата здравствени работници за криумчарење и царинска измама а по налог на јавен обвинител веќе бил извршен претрес на неколку локации. Докторот го нарачал ботоксот од Република Кореја со договор во фактурата да биде наведено како 10 парчиња козметички производи. Неговата соработничка била наведена како примач на пратката и истата ја платила од својата трансакциска сметка.

Pages