MENI

Пекинг смета дека има услови за договор со Иран

Официјален Пекинг смета дека „веќе се гледаат“ условите за постигнување „добар договор“ за иранската нуклеарна програма и работите треба да привршуваат, изјави во Виена кинескиот министер за надворешни работи Ван Ји.

- Според Кина ниту еден договор не може да биде совршен, но веќе се наѕираат условите за постигнување добар договор. Сметаме дека не може и не треба да има нови рокови, истакна Ван.

Pages