
МВР во текот на вчерашниот ден ја реализираше екстрадицијата на 43-годишниот Никола Константидис од Ресен кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол Скопје, поради негово бегство од издржување казна затвор во КПУ „Идиризово“, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски на ГП „Табановце“.