
Албанската полиција продолжува со акцијата на откривање и уништување цели насади со канабис сатива, јави дописникот на МИА.
Во последната акција спроведена во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на градот Круја се уништени 40 парцели со над 4.000 стебла марихуана. Уапсени се две лица на возраст од 39 и 26 години, кои пред Судот во Круја ќе одговараат за „одгледување наркотични растенија“.