MENI

Експлозија рано утрово ги вознемири кумановчани - МВР го расчистува случајот

Скршени прозорци и страв меѓу жителите на околните згради е резултат од експлозивната направа која рано утрово експлодираше во центарот на Куманово. Силната експлозија направила и мал кратер во каналот за атмосферска вода. Човечки жртви или повредени нема, но е направена значителна материјална штета.  

Еден од станарите, пред камерата на СИТЕЛ објасни дека се работело за силна детонација од која се тресела целата зграда.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека станува збор за кривично дело кое дополнително треба да се истражи.

Pages