
До 15 септември ќе бидат исплатени налозите за штетите од поплавите во општина Струмица, а исплатата за таа намена ќе продолжи и во останатите општини, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
При посета на општина Василево Ставрески рече дека ќе се исполни даденото ветување за исплата на штетите од поплавите до среда следната недела.