MENI

Холивудската ѕвезда Орландо Блум меѓу мигрантите во Гевгелија

Орландо Блум ги посети мигрантите во Гевгелија. Познатиот британски актер како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ денеска  неколку часа престојуваше во прифатниот центар близу јужната граница.

Тој неговиот престој го искористи да се информира за моменталната состојба со мигрантите кои секојдневно пристигаат на југот од државата, за  условите кои ги имаат во прифатниот центар, но и за земјите од каде доаѓаат и состојбата таму. 

Pages