MENI

Прегазен пешак во Тетово

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што се случи вчера вечер, петнаесеттина минути пред 19 часот, на булеварот „Видое Смилески Бато“ во Тетово.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во пешакот Х.П.(39) од Тетово удрил автомобил Фолксваген Поло управуван од Б.А.(21), исто така од Тетово, при што тој здобил тешки телесни повреди од кои починал во тетовската клиничка болница. Повреден е и возачот кој исто така бил пренесен во болница.

Pages