
Најмалку три лица загинаа денеска при налет на неколку торнада во државите од американскиот Среден Запад.
Како што јавија американските медиуми, овој метеоролошки феномен, кој е невообичаен за овој период од годината, предизвикал значителни материјални штети во државите Арканзас, Ајова, Индијана, Илиноис, Охајо, Кентаки, Тексас и Тенеси.