
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули 2026 година треба да се јави на издржување затворска казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје издал упатен акт со кој осудениот С.Ј. се упатува да започне со издржување на правосилната казна затвор од една година, соопшти Кривичниот суд.