Над 100 текстилни работнички и работници од двете штипски конфекции „Фарматекст“ и „Европа фешн“ кои лани останаа без работа, повеќе од година ги чекаат неисплатените три плати, придонеси и К-15. Дел од нив, револтот го изкажаа преку протест, за да побараат македонските институции да застанат во одбрана на нивните права. Управителите на компаниите се од Бугарија, а некои од работниците во нив работеле скоро две децении.