Миризливи сапуни од отпадно угостителско масло, бесшумни соларни уреди против мувла и аерозагадување, како и дигитални системи за наводнување во услови на суша. Ова се дел од социјалните иновации кои средношколците сами ги развија и ги тестираа во своите училишта.
Младите иноватори потенцираат дека нивните решенија произлегуваат директно од секојдневните, реални проблеми. Дизајнирани се веднаш да најдат практична примена, отворајќи пат за социјални бизниси кои истовремено ја штитат природата и и служат на заедницата.