
Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.