Здравствениот дом Струмица доби три нови амбулантни возила за потребите на службата за итна медицинска помош. Тие се дел од владината набавка на 100 амбулантни возила за здравствените установи низ Македонија. Опремени се според најсовремените стандарди и треба да се овозможат побрзи интервенции и поквалитетна здравствена услуга за пациентите од Струмица и околните општини.
За градоначалникот Петар Јанков, новите возила значат подобри услови за работа на медицинските екипи и поголема ефикасност во постапувањето.