Премиерот, гувернерот и министерката за финансии деновиве ќе имаат средби со потенцијални купувачи на Алта банка. Ваква најава стигна лично од првиот човек на владата, кој вели дека ќе направат се , за да не се случи црното сценарио кое го посакува опозицијата , а тоа е стечај на Алта. Според информации на Мицкоски, банката е во одлична состојба, активата е многу поголема од побарувањата на доверителите, а проблемот кој настана кај нас е увезен од Србија.