Проектот на Министертсвото за здравство преку кој прилепскиот Здравствен дом, за прв пат од неговата изградба во педесеттите години на минатиот век, беше подложен на целосна реконструкција, продолжува да се реализра со последната набавка на уште две современи медицински возила, од кои едното е теренско. Напоредно со тоа, како последна фаза од реконструкцијата, комплетно е променето и осветлувањето. Овие инвестиции, од кои поголемиот дел се обезбедени од ресорното Министерство, а дел се сопствени средства на Домот, вкупно изнесуваат 2 милиони и 200 илјади денари.