2000 жители од населбата Караорман, кај Штип ќе добијат канализација, со што ќе се приклучат на градската канализациона мрежа и колекторскиот систем. Инфраструктурниот зафат е предизборно ветување и дел од програмата на ВМРО Дпмне, за подобрување на условите за живот на мештаните во приградските населби.