
Од 08.30 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Невена Ѓорѓиева-Дуња“, „Дренак“, „368“, „553“ и дел од корисниците од улиците „Емил Зола“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 10.30 до 13 часот без струја ќе останат дел од жителите лоцирани на улицата „Призренска“ во општина Ѓорче Петров.