Владата ќе ја исплаќа бруто платата за вработување лице од социјален ризик. Според огласот, за вработување лице од оваа категорија владата во рок од половина година ќе го субвенционира работодавачот со 17.000 денари за ангажирање лице со повисоки квалификации и 14.900 денари за лице без квалификации.
Освен бруто платата, работодавачот во текот на тие шест месеци ќе добива и 5000 денари за обука на работникот. Обврска за газдата е по истекот на субвенционираниот период да го задржи лицето на работа уште шест месеци.