MENI

Усмртен пешак во кичевско

Шеесет годишен жител на кичевското село Трапчин Дол е усмртен откако во него удрил автомобил.

Несреќата се случила синоќа еден час по полноќ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај Трапчин Дол кога А.С. (64) од кичевско Букојчани со автомобил  „Опел Астра“ удрил во пешакот Шукри А. (60).

Лицето поради сериозните повреди со кои се здобило починало на лице место.

Pages