
Новиот филм за агентот Џејмс Бонд, „Spectre“ на режисерот Сем Мендес во кината во Велика Британија и во Ирска ќе се појави на 26 октомври, заедно со светската премиера истата вечер во Лондон.
- Првпат во историјата филмот ќе биде истовремено прикажан во кината ширум Велика Британија и Ирска, соопшти дистрибутерот „Сони Пикчрс“.