Над 8200 граѓани купиле едномесечни зелени картони откако стапи на сила владината одлука за нивно повторно воведување. Осигурителните компании од 18ти минатиот месец па досега издале околу 28 000 зелени карти.Од Националното биро за осигурување кои располагаат со вкупните статистики, велат овој период од годината се повеќе луѓе се одлучуваат да извадат месечна зелена карта, најмногу оние кои еднаш годишно одат надвор од границите за да ја посетат посакуваната дестинација.