
Времето во Македонија ќе биде сончево и насекаде многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 22, а највисоката дневна ќе се движи во интервалот од 34 до 41 степени.